!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

СДСМ: Миноски да не помисли да ги задолжи граѓаните повеќе од доспеаните обврски


       
Скопје, 21 март, 2017 - 10:08 (META) 

„Го предупредуваме Кирил Миноски, кој во моментов извршува техничка функција како министер за финансии и е во заминување, да не ги задолжува граѓаните на Македонија повеќе од потребниот износ за враќање на доспеаните долгови за оваа недела“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека обврските што стасуваат за наплата оваа недела изнесуваат 88 милиони евра и дека Миноски треба во рамките на овој износ да го планира денешното задолжување на домашниот пазар.

„Истовремено укажуваме дека во буџетот има доволно средства за исплата на тековните обврски на државата кон граѓаните, за што потврдa има и од надлежното министерство. Неконтролираното темпо на задолжување на граѓаните што досегашната власт го правеше нетранспарентно и за непродуктивни трошења, го издигна јавниот долг на историски највиско ниво од 50,1 проценти од домашниот бруто-производ“, се додава во соопштението.