fbpx

СДСМ: Македонија е 13. по беда во светот oд мизерните политики на Груевски

-

„Во Македонија, приказните на Груевски за нови вработувања и за инвестиции се чиста лага, а потврда за тоа дојде и од светски познатиот институт „Като“, кој ја смести Македонија на 13. место по мизерија и по беда во светот. Македонија е 5. земја по мизерија и по беда во Европа“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „виртуелните политики на Груевски ја сместија Македонија помеѓу најбедните земји во светот, како што се Венецуела, Уругвај, Молдавија, Украина“.

– Ставрески и Пешевски, главните промотори на промашените економски политики на Груевски, треба да излезат и да објаснат како Македонија стана 13. најбедна земја во светот? Тие повеќе не можат од светот да ја кријат бедата и сиромаштијата во која ги турнаа граѓаните со своите непромислени политики. Криминалите и корупцијата во врвот на власта изедоа безброј нови работни места. И лагите за 600 вработувања на ден, преплатени со 20 милиони евра пари на граѓаните, повеќе не го спасуваат Груевски – се вели во соопштението на СДСМ.

Оттаму додадваат дека „наместо за нови работни места, оваа расипничка власт парите на граѓаните ги расфрлува за непотребни барокни тендери“.

– Само тендерите за споменици тешки 630 милиони евра изедоа најмалку 123.000 реални работни места. Затоа повеќе од 500.000 граѓани живеат под работ на сиромаштија – се додава во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...