fbpx

СДСМ: Лага се пишувањата за менување на симболите и за осуда на народи за геноциди

-

Лага се пишувањата на потралите „Република“, „Курир“ и медиумите што ги пренесуваат, за некакви менувања на државното знаме и химна, за некакви осуди на народи за геноциди, за јазични решенија спротивни на Уставот и слични измислици, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „сите тие лаги се само тенденциозен обид за подгревање на национална нетрпеливост помеѓу Македонците, Албанците, Србите, Турците“.

– Огромно мнозинство граѓани, повеќе од 612.000 Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Босанаци застанаа еден до друг заедно во цврстата определба за живот, правда, промени и заедништво во Македонија. Затоа, граѓаните се факторот на стабилност во Македонија. Криминалната власт е „дефакторизирана“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „разговорите за обезбедувањето на парламентарното мнозинство се поставени исклучиво на Уставот на Македонија“.

– Сите кои се исплашени од промените што одземаат лични привилегии на поединци и носат одговорност за злоделата врз граѓаните, не сакаат граѓаните да живеат во ваква Македонија. Оттаму се сите лажни вести и измислици во медиумите на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ – велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...