fbpx

СДСМ: Колку вработувања се спречија со петте милијарди евра што ги изнесе „фамилијата“?

-

„Кумот Ставрески нека каже како заедно со кумашинот Груевски успеаја да изнесат криминално повеќе од 5 милијарди  евра пари на граѓаните надвор од државата и колку уништени вработувања се тоа за луксузите на фамилијата? Како е можно со пад на преработувачката индустрија од 2 отсто на годишно ниво, со пад на земјоделството од 0,7 отсто, со бруто-инвестиции еднакви речиси на нула, да креира нови работни места?“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него, исто така, се додава дека „крунскиот доказ дека Груевски лаже кога зборува за нови вработувања е токму историски највисокиот дефицит на Фондот за ПИОМ во 2014 година.

–  Дупката во ПИОМ во 2008 година изнесувала 165 милиони евра, за во 2014 година промашените економски политики на Груевски да ја продлабочат на неверојатни 369 милиони евра! Доколку вистински се намалуваше стапката на невработеност, дупката во ПИОМ требаше да се намалува, а не забрзано да се зголемува и да го доведе Фондот во ризик на неодржливост на среден рок, како што алармираше Светска банка – се вели во соопштението.

Од СДСМ потсетуваат дека според Светска банка, 626.312 граѓани ја напуштиле државава во потрага по работа и по достоинствени услови за живот.

– Поради промашените економски политики, 10.000 домашни фирми се затвроени, на сопствениците им се загрозени основните егзистенции, а 8.000 чекаат да бидат избришани од евиденција – додаваат од СДСМ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...