fbpx

СДСМ ќе раководи во 56 општини и во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во 5, ДУИ во 10, Алијансата во 3

-

Според резултатите од двата круга на локалните избори, СДСМ ќе раководи со 56 општини и со Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во пет, ДУИ во 10, Алијанса за Албанците во три, Беса, ДПА и ДПТ во по една, а кандидати предложени од група избирачи во три општини.

СДСМ, во првиот круг од изборите, кој се одржа на 15 октомври, покрај во Град Скопје, победи во 37 општини, односно во Центар, Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Дебрца, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Маврово Ростуше, Неготино, Ново Село, Охрид, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе и во Струмица.

Во вториот круг кандидатите за градоначалници на СДСМ, победија уште во 19 општини: Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Виница, Градско, Демир Капија, Јегуновце, Карбинци, Македонски Брод, Македонска Каменица, Могила, Новаци, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чешиново Облешево, Штип и Шуто Оризари.

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победи во Илинден, Петровец и во Сопиште, а во вториот во Зрновци и во Кавадарци.

ДУИ во првиот изборен круг освои градоначалнички мандати во Кичево и во Пласница, а во вториот победи и во Чаир, Тетово, Сарај, Дебар, Долнени, Липково, Теарце и во Струга.

Алијансата за Албанците освои вкупно три градначалнички манадати, сите во вториот круг, и ќе раководи со општините Боговиње, Врапчиште и Гостивар.

Беса победи во Желино, ДПА во Студеничани, Демократската патрија на Турците во Центар Жупа, а кандидати кои беа предложени од група избирачи ќе раководат Ранковце, Чучер Сандево и Брвеница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...