fbpx

СДСМ: Јавното обвинителство да покрене постапка против Трајко Вељаноски

-

Да го направеше тоа што му го налага Уставот, да ги констатира оставките на опозициските пратеници, Трајко Вељаноски ќе ја спречеше целата оваа пародија што се случува во Собранието, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Пратениците од опозицијата побараа да не им бидат верификувани мандатите, па потоа поднесоа оставки, уште во мај годинава. И покрај тоа, власта, на чело со спикерот Вељаноски, насила ги верификуваше мандатите и не ги констатираше оставките повеќе од шест месеци. На овој начин пратениците беа оневозможени да ги извршуваат професиите што ги извршуваа пред да станат пратеници. Јасно е дека за штетите што се направени од буџетот, виновен е Трајко Вељаноски. Граѓаните, пратениците, не се должни да ги плаќаат неговите каприци и неговото кршење на Уставот. Очекуваме Јавното обвинителство да покрене постапка против Трајко Вељаноски за злоупотреба на службената должност и да го повика на одговорност за злоупотребите што ги има направено“, стои во реакцијата на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...