fbpx

СДСМ: Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај исто како Груевски

-

Стевчо Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај, исто како што тоа му се случи на неговиот ментор Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ на интервјуто на градоначалникот на општина Карпош за „Радио Слободна Европа“.

Од СДСМ велат дека на парламентарните избори на 11 декември граѓаните на Карпош кажале што мислат за работата на Јакимовски и на ВМРО-ДПМНЕ и го казниле „нивното криминално владеење во општината“.

„Граѓаните не сакаат тендер политичари. Не сакаат некој како Јакимовски да продолжи да прави масакр на зеленилата во општина Карпош и да гради непотребни објекти за лично богатање и коалициски бизниси, додека нивното здравје се нарушува поради огромното загадување на воздухот. Граѓаните избраа промени, сакаат нови одговорни политичари и квалитетен живот“, стои во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...