fbpx

СДСМ: Извештајот на Светска банка упатува дека е итно потребна новата влада

-

„Извештајот на Светска банка потврдува зошто за економијата и за граѓаните е итно потребно да се овозможи избор на новата реформска влада. Светска банка проектира најнизок пораст на економијата за Македонија од земјите во регионот, од само 2,8 проценти во 2017 година“, се вели во соопштението на СДСМ, по повод извештајот на Светска банка за Македонија.

Во него се додава дека и Светска банка, како и другите меѓународни финансиски институции, посочува дека итно е потребна фискална консолидација и нормалзирање на нивото на јавниот долг.

„Ваквата влошена состојба во економијата, меѓу другото, е резултат на одолговлекувањето на политичката криза од страна на Ѓорѓе Иванов, кој одбива да ја исполни својата уставна обврска да го даде мандатот на декларираното мнозинство од 67 пратеници, како и од блокадата на Собранието со маратонските реплики и контрареплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои со ова се обидуваат да го заштитат Никола Груевски од оговорност за криминалот на директна штета на граѓаните и на целокупната економија“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...