fbpx

СДСМ: Извештајот на „Фридом хаус“ покажува зошто на Македонија итно ѝ треба нова влада

-

Тоа што „Фридом хаус“ во новиот извештај ја посочува Македонија како држава со најнизок степен на демократија во регионот е само потврда зашто граѓаните на Македонија избраа промени, велат од СДСМ.

Поради ова, нагласуваат од партијата, итно е потребно да се овозможи формирање на нова влада, којашто ќе обезбеди демократија во Македонија и почитување на човековите права.

„Македонија, според извештајот паднала на најниско демократско ниво од 2001 година! Земјава бележи пад во сите категории. Македонија веќе се смета за авториратен режим во однос на демократското владеење и слободата на медиумите. Се намалила независноста на судството, поради, како што се истакнува политичко влијание врз судовите и опструкции во работата на Специјалното јавно обвинителство! Има влошување на корупцијата, поради неказнивост на случаи на сериозна корупција! Поради ваквите загрижувачки тенденции, коишто ја кочат Република Македонија, мора веднаш да престанат неразумните блокади во Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така Ѓорге Иванов е должен да не штити криминалци туку да овозможи мирен трансфер на власта“, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата порачуваат дека ќе има нов претседател на Собранието и нова реформска влада бидејќи „така одлучија мнозинството граѓани кои избраа Македонија да биде демократија а не режим“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...