fbpx

СДСМ: Иванов да не се става над Уставот и да не се противставува на волјата на граѓаните

-

Ѓорге Иванов работи спротивно на интересите на државата, нема чувство за реалноста ниту за значајноста на моментот во кој се наоѓа Македонија, велат од СДСМ како реакција на соопштението од кабинетот на Иванов во кое се вели дека тој нема да го поддржи Договорот со Грција.

„Ако на Иванов не му е јасно дека Договорот е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО нека ги преслуша пораките од целиот демократски свет, од сите демократски лидери. Најавата на Иванов дека нема да ја почитува волјата на граѓаните искажана на референдум е во најмала рака скандалозна за секој нормален, одговорен политичар. Претседател на држава не треба да се спротивставува на волјата на граѓаните, на огромното мнозинство граѓани, туку да ја почитува. Иванов не смее да се става над законите и Уставот, тој е должен да го потпише Указот за Законот за ратификација на Договорот“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека Иванов треба да има предвид дека СДСМ, граѓаните, демократската јавност, нема да дозволат ниту една деструктивна сила да ја закочи македонската иднина, ниту пак да ја врати Македонија во мрачното минато на изолација, поделби и неизвесност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...