fbpx

СДСМ: Има обид да се сокрие сообраќајката на поранешниот телохранител на Груевски

-

Ужасен е инцидентот во кој поранешниот главен телохранител на Никола Груевски прегази 22-годишно момче, кое, според информациите, е во исклучително тешка здравствена состојба, реагираат денеска од СДСМ.

Оттаму велат дека ова е уште еден многу сериозен и трагичен доказ кому сè во полицијата му биле давани раководни позиции и до каде тие луѓе ги опијанила виртуелната реалност дека сè им е дозволено.

„Слушнавме и од „Вистината за Македонија“ како под раководство на истиот тој поранешен шеф на обезбедувањето на Груевски, со денови се молчело за деталите за убиството на Мартин Нешкоски на плоштадот Македонија.  И за тешкиот инцидент по полноќ, иако Јанкулоска и Мијалков не се во МВР и во УБК, МВРО раководено од наследникот Чавков, како што може да се прочита, не дава прецизни информации на јавноста, што упатува на тоа дека има обид нешто да се скрие. Очигледно, многу работа ја чека оваа држава и нас граѓаните да ги поставиме моралните и професионалните стандарди каде што им е местото“, се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....