fbpx

СДСМ: Груевски се плаши од фер и демократски избори

-

Одлуката на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдува дека Никола Груевски се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори, реагираат од СДСМ на одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ изборите да се одржат на 24 април.

„Груевски не сака прочистен избирачки список за да може да манипулира со фиктивни гласачи. Никола Груевски не сака слободни медиуми затоа што му треба медумскиот мрак што го создаде за да го крие криминалот на фамилијата во изминатите 10 години. Граѓаните на Македонија, освен фамилијата на Никола Груевски, немаат корист од одржување избори без претходно навремено прочистување на избирачкиот список и без навремена регулација за слободни медиуми. За СДСМ не се прифатливи избори без слободни медиуми и без прочистен избирачки спосок и на такви избори нема да учествува. СДСМ ќе продолжи да се бори за создавање фер и демократски услови за одржување на изборите, со сите демократски средства што ни стојат на располагање“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од опозицијата велат дека ќе продолжат да се борат за слободна и демократска Македонија заедно со граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...