fbpx

СДСМ: Груевски може да бега од државата, но не може да избега од реалноста

-

„Првата работа која пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја направат на денешната седница е да им објаснат на граѓаните зошто Никола Груевски не е во Собранието и ја напушти државата,“ се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „со денешното бегство од Македонија, Никола Груевски уште еднаш докажа дека не го интересира државата, туку единствено му е важно да избега од одговорност.“

„На денот кога Македонија треба да добие нов претседател на Собранието, Груевски ја напушти државата покажувајќи дека државните интереси му се апсолутно небитни. Откако со недели внесуваше раздор и поделби, откако ги попречуваше демократските промени, Груевски на крајот, не можејќи да се помири со новата реалност реши да избега од државата,“ се додава во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека „бегството на Груевски, слично како и неодамнешното бегство на Ѓорге Иванов докажува дека тие немаат ниту минимум чувство за државата.“

„Целокупното неодговорно и незаконско однесување на Груевски и Иванов е само очаен обид за спречување на промените и заштита на неколкумина од одговорност за децениското криминално владеење. Со или без Груевски во државата, Македонија ќе добие нов претседател на Собранието, мандат за составување влада и нова реформска влада на граѓаните предводена од СДСМ, која ќе се води од потребите и проблемите на граѓаните,“ се додава во соопштението.

Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од денеска па во наредните неколку дена, заедно со партиска делегација ќе присуствува на конгресот на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува на Малта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...