fbpx

СДСМ: Груевски е опседнат со нас, го напна медиумскиот оркестар

-

Во соопштението до јавноста, од опозицискиот СДСМ велат дека Груевски е исплашен од решенијата што мора да ги договори заедно со опозицијата за ослободување на областите за кои има силни критики во извештајот на Прибе: медиумите, правосудството, регулаторните тела, како што се Антикорупциската комисија, Бирото за јавна безбедност, ДИК, УЈП.

– Тоа го покажува денешното интервју на Груевски за провладиниот портал „Нетпрес“, во пресрет на почнувањето на разговорите за корективите во општеството што тој ги окупираше, а под чија лупа ќе се најде неговото противзаконско и криминално владеење и добивање избори. Очигледно, откако стави потпис на договорот од Пржино, за оставка, за преодна влада, за предвремени избори, што ги одрекуваше, Никола Груевски мир не го фаќа. Затоа, изминативе неколку дена тој го напнува медиумскиот оркестар со диригирани лаги за СДСМ и затоа во секоја втора реченица во денешното интервју, опсесивно го споменува Социјалдемократскиот сојуз – се вели во соопштението на СДСМ.

Тие велат дека договорот од Пржино мора да се спрoведе како што мора да се спроведат препораките на европската експертска група предводена од Рајнхард Прибе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...