fbpx

СДСМ: Граѓаните се изборија за Македонија со тоа што го поразија режимот на Груевски

-

Залудно се обидува Никола Груевски со лаги да го сокрие поразот што го доживеа на локалните избори, реагираат од владејачката СДСМ на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на свечената академија во Штип организирана по повод Денот на македонската револуционерна борба.

„Граѓаните одлучно се спротивставија на неговите поразителни политики за Македонија и ставија крај на криминалот, корупцијата, злоупотребите на институциите, на незаконското масовно прислушување, на навлегувањето во нивната приватност, на монтираните судски случаи, на заканата, на омразата… Граѓаните, со тоа што го поразија Груевски, се изборија за Македонија и ја обезбедија нејзината сигурна иднина. Неговото криминално време заврши. Македонија сврте нова просперитетна страница и го трасираше патот кон европската иднина“, реагираат од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека новата влада предводена од СДСМ носи живот за сите, повеќе пари кај граѓаните, функционални и професионални институции кои работата во интерес на сите граѓани.

„Македонија станува правна држава, законите важат за сите, нема веќе привилегирани граѓани, нема беззаконие, нема корупција“, стои во соопштението од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...