fbpx

СДСМ: Граѓаните имаат историска можност да одлучат за иднината на државата

-

СДСМ, како одговорна и државотворна партија заедно со сите политички чинители кои се определени за напредок на Македонија, овозможи последниот збор за Договорот со Грција да го имаат граѓаните, се вели во соопштението на партијата.

Од таму додаваат дека „на 30 септември, на демократски и непосреден референдум, граѓаните ќе имаат историска можност директно да одлучуваат за сопствената и за иднината на државата.“

„Референдумот е вистинска и непосредна демократија, а волјата изразена на него ќе биде обврзувачка за сите, затоа што гласот на граѓаните е клучен за македонската иднина. Се обединија сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, освен Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои што се против интеграција. Се обединија сите кои се за напредок на Македонија, освен Мицкоски кој сака изолација, стагнација и неизвеснот. Обединети се сите политички и општествени чинители кои се за македонската иднина, освен Мицкоски и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост. Но, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат и загрозат македонската иднина со нивните антидржавни постапки“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...