fbpx

СДСМ: Граѓаните и меѓународната заедница го осудуваат неодговорното однесување на Груевски

-

Неодговорното однесување на Никола Груевски и на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои со денови си зборуваат сами со себе, доби осуда и од демократскиот свет, велат од СДСМ.

„На Груевски, преку резолуцијата усвоена од Европската народна партија, јасно му беше ставено на знаење дека нема толеранција за корумпирани политичари и за корупциски скандали. ЕПП ги осуди и провокациите и агресивното однесување кое претставува закана за мирот и за стабилноста и истовремено повика на воздржаност од етнички провокации. И германскиот Бундестаг упати порака до Груевски и до Иванов дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и дека нови избори не се опција“, стои во соопштението на партијата.

Од СДСМ истакнуваат дека меѓународната заедница дава поддршка на огромното мнозинство од 700.000 граѓани кои гласаа за промени и ја очекуваат новата реформска влада.

„Секој ден изгубен во меѓусебни реплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е ден без зголемена минимална плата на 12.000 денари, без евтина тарифа на струјата, без укината радиодифузна такса, без укинато екстерно тестирање и без решен статус на стечајните работници. Граѓаните и меѓународната заедница очекуваат веднаш да биде избран претседател на Собранието, за тој да го извести Ѓорге Иванов дека треба да му го даде мандатот на претседателот Зоран Заев и да биде формирана новата реформска влада“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...