fbpx

СДСМ го осуди нападот на Елвис Бајрам, МВР го истражува случајот

-

СДСМ преку писмено соопштение најостро го осуди насилството и денешниот инцидент што се случил во скопската општина Шуто Оризари, при кој повреден беше актуелниот градоначалник и кандидат за истата функција, Елвис Бајрам.

„Очекуваме Министерството за внатрешни работи и надлежните институции докрај да го расчистат случајот, а виновниците да бидат изнесени пред лицето на правдата согласно законите. Ги повикуваме сите граѓани и политички субјекти да не подлегнуваат на провокации и да останат посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори“, велат од партијата.

Од МВР го потврдија инцидентот и нагласија дека работат на негово расчистување.

„Денеска околу 18 часот на улица Гвадалахара, во скопската општина Шуто Оризари, настанала меѓусебна тепачка меѓу две групи граѓани. Екипи на СВР Скопје веднаш се упатиле на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот“, информираа од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...