fbpx

СДСМ, ДУИ и БЕСА ја потпишаа иницијативата за распишување референдум

-

Пратениците од владејачкото мнозинство најавија дека претпладнево ќе ја достават иницијативата за распишување на референдумот за името до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според информациите од пратеничката група на СДСМ, нивните пратеници веќе ги собрале потписите за иницијативата за распишување референдум, а на неа се потпишани и пратеници од ДУИ и од БЕСА.

Се чека да заврши координацијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по што и ним ќе им биде понудена иницијативата. После оваа средба се очекува и официјално да биде соопштен ставот на опозициската партија во врска со референдумот и референдумското прашање.

Во Предлог-одлуката што ќе биде доставена до претседателот на Собранието е содржан датумот – 30 септември за одржување на референдумот и е содржано референдумското прашање кое, според информациите од СДСМ, е исто онакво какво што го предложи премиерот Заев и: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

Во Собранието во 10 часот започна средбата на претсетадателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа средба се очекува да произлезе информацијата во колку часот би можела да биде закажана седницата за распишување на референдумот. А за нешто подоцна, претпладнево е најавена и координација на пратеничката група на СДСМ, на која, како што посочија одредени пратеници, би можело да се очекува и присисуство на премиерот Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...