fbpx

СДСМ: Домашните фирми добиваат по 2 евра

-

Ако Груевски и Ставрески не потрошеа 630 милиони евра пари на граѓаните за споменици, секоја фирма во Македонија ќе добиеше по 9.000 евра државна помош, наместо две евра, се вели во соопштението на СДСМ.

„Немаше 10.000 фирми да мораат да стават клуч на врата. Немаше секоја трета фирма во земјава, или 21.000 фирми, да се со блокирани сметки. Немаше и оние домашни фирми што работат, своите бизниси да ги селат во соседна Србија“, се вели во соопштението.

Од СДСМ велат дека Никола Груевски и, како што наведуваат „неговиот кум“, Зоран Ставрески, одлучиле да ги лажат граѓаните со виртуелни вработувања и со виртуелни инвестиции за да можат да ги злоупотребуваат нивните пари.

Од партијата посочуваат дека СДСМ за 100 пати ќе ја зголеми државната помош за домашните претпријатија и ќе се фокусира на развој на домашните фирми, кои ќе отворат нови и реални работни места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...