fbpx

СДСМ: Долгот што ВМРО-ДПМНЕ им го остави на граѓаните е намален за 55 милиони евра

-

ВМРО-ДПМНЕ покажува срамно непознавање и лаже кога вели дека Владата создала долг од 4,5 милијарди денари, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека со аукциите на домашниот пазар, нето-задолжувањето од први јуни до денес изнесува 1,8 милијарди денари, односно околу 30 милиони евра.

„Истовремено, вратен е надворешен долг од 75 милиони евра, а за 55 милиони евра е намален вкупниот долг што ВМРО-ДПМНЕ им го остави на граѓаните.Владата предводена од СДСМ првпат во историјата го објавува целосниот долг на државата на увид пред граѓаните, а истовремено почнува и сериозен проект со Светска банка за решавање на овие долгови. Долговите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ се враќаат, се намалуваат, парите се насочуваат кон граѓаните, а јавноста навремено е информирана за начинот на кој Владата управува со нивните пари“, се вели во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...