fbpx

СДСМ: Диме Спасов мора да понесе одговорност

-

Диме Спасов не смее повеќе да се појавува до нашите деца во градинките, во социјалните центри, ниту има повеќе морално право да говори за права и за одговорности на граѓаните, велат од СДСМ.

„Овој човек, дополнителен заменик-министер за труд и социјална политика во Владата, возел пијан! Користел службено возило надвор од работно време, дури возилото не е од министерството каде што работи! Напиша скандалозна изјава дека тоа што го сторил не било тешка сообраќајна несреќа. Ја лажел полицијата! Ја оставил својата сопатничка на улица за да избега! Избегал од полицијата! Диме Спасов се обидел да избега од одговорност, наместо да се срами и да биде совесен, тој влегува во нови лаги“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Спасов, постапил непресметливо и е лош пример за децата и за секој граѓанин.

„Тој е примерок од аздисаното, разулавено, криминално владеење на актуелната власт и ако не одговара, ќе биде порака дека во оваа земја секој може да прави што сака. Затоа полицијата мора да го расветли инцидентот и Диме Спасов да се соочи со правдата“, се вели во соопштението од опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...