fbpx

СДСМ: Децата веднаш да се заштитат од партиските протести

-

Ги поддржуваме родителите кои остро се спротивставуваат на злоупотребите на нивните деца за протести, велат од СДСМ и порачуваат дека „многу бргу ќе има промена на власта и дека оние кои учествувале во притисоците врз ученици и оние кои тоа не го спречиле, ќе се соочат со одговорност“.

„Никој нема право да принудува деца да бојкотираат настава за да одат на националистички протести на кои се шири етничка омраза“, стои во денешното соопштение на СДСМ.

Од партијата додаваат дека се поднесени кривични пријави против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николоски, и против директорот на прилепското средно индустриско училиште „Ристе Ристески – Ричко“, Жарко Темелкоски, затоа што направиле кривично дело.

„Надлежните институции мора да постапат против секој во училиштата или задолжен за нив, кој ја злоупотребува својата функција или позиција за овие цели и на тој начин ја загрозува и безбедноста на децата. Директорите и професорите во училиштата, градоначалниците, под чии ингеренции се училиштата, од Министерството за образование, имаат обврска да спречат вмешување деца во партиски цели“, нагласуваат од партијата и апелираат директорите и професорите, да не „влегуваат во сценаријата на Никола Груевски и неговите соработници кои се подготвени да ги жртвуваат и нив и учениците, само затоа што им треба параван за заштита на нивните криминали“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...