fbpx

СДСМ денеска со „бомба“ во Штип

-

Нови снимки со прислушувани разговори опозицискиот СДСМ ќе објави денеска, на прес-конференција во Штип. Претседателот на општинската организација во Штип, Владимир Милошев, не даде детали за содржината на разговорите што ќе бидат објавени и ги повика граѓаните на попладневниот марш, кој ќе го предводи лидерот Зоран Заев.

– Маршот ќе почне пред новата Пошта, во населбата 8 Ноември, ќе се движи низ улицата Борис Кидрич, низ централното градско подрачје до плоштадот Слобода – изјави Милошев.

На плоштадот е планирано обраќањето на Заев.

Агендата е иста како и во другите градови: прес-конференцијата е закажана за 14 часот, додека маршот во 18.30 минути.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Голем пожар во зградата на старата Берза во Копенхаген

Голем пожар избувна утрово во зградата на поранешната Берза во Копенхаген од 17 век – една од најпознатите знаменитости на данската престолнина. Пожарот го проголта кровот на историскиот објект...