fbpx

СДСМ денеска на преговори со Беса

-

Преговорите за формирање влада продолжуваат и денеска во седиштето на СДСМ, соопштија за „Мета“ од партијата.

Разговорите кои почнуваат во 15.30 часот ќе се водат со претставници на Движењето Беса. Засега не се знае дали средбата ќе биде на највисоко ниво, односно дали разговорите ќе ги водат Зоран Заев и Биљал Касами, или пак ќе бидат на ниво на работни групи.

Како што дознаваме, ова се првични средби на кои не се расправа за министерски ресори, туку станува збор за приближување и усогласување на партиските ставови за програмата на новата владина коалиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...