fbpx

СДСМ: Денеска е празникот на Груевски, но времето на лаги заврши

-

„Први април е празникот на Никола Груевски, затоа што тој е експертот за лажење. Груевски измисли странски служби и жолти комбиња со тактички опреми што снимале. Потоа целата домашна и меѓународна јавност дозна дека снимале домашните тајни служби и за тоа веќе се води истрага од Специјалното јавно обвинителство“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека Груевски тврдеше дека снимките се „сечени, лепени, креирани и монтирани“, а неговиот сопартиец Антонијо Милошоски призна дека снимките се вистински, а признаа и други.

„Груевски тврдеше дека нема да има никакви оставки по скандалите со криминали и злодела објавени во проектот „Вистината за Македонија“. Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков ги дадоа првите три оставки, а по нив следеа и многу други. Груевски тврдеше дека нема да даде оставка и да замине од премиерската фотелја. Тој повеќе од една година не е премиер и никогаш повеќе нема да биде“, се додава во соопштението.

Од партијата велат и дека Груевски тврдеше дека предвремените парламнетарни избори закажани за 24 април ќе се одржат, иако за нив не беа исполнети условите, како и дека изборите беа откажани до создавањето услови за да бидат веродостојни.

„Груевски тврдеше дека изборите закажани за 5 јуни ќе се одржат дури и без опозиција. И тие избори беа откажани до создавањето услови. Груевски тврдеше и дека воопшто нема да има избори. Граѓаните на 11 декември излегоа масовно на предвремените парламентарни избори и во огромно мнозинство од околу 700.000 гласаа против него и неговите политики. Груевски тврдеше дека нема да има техничка влада за организирање избори. Таа влада ги одбројува последните денови пред формирањето на новата реформска влада на граѓаните“, велат од СДСМ.

Од партијата, исто така, додаваат дека Груевски тврдеше дека се спремаат некакви федерализации и кантонизации, но и тоа се покажало како уште една негова голема лага.

„Единствено што има е програмата на новата реформска влада, којашто ги гарантира унитарноста на државата, заедништвото и реформите во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...