fbpx

СДСМ бара од Иванов да не одолжува со неразумни оправдувања

-

Дојде време кога Иванов не може да одолжува со неразумни оправдувања и мора да ја исполни уставната обврска и да го додели мандатот за формирање влада, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ.

„Демократските процеси мора да продолжат и Иванов повеќе нема простор да не дејствува. Демократскиот процес мора да биде испочитуван во насока на составување нова влада во согласност со Уставот и со законите на Република Македонија. Формирањето на институциите, пред сè, на новата влада и почнувањето на неопходните реформи во сите сфери се врвен државен интерес на Македонија која долго време беше блокирана поради стравот на поединци од соочување со личната одговорност“, велат од СДСМ.

Од партијата истакнуваат дека секое попречување на трансферот на власта е противуставно и противдржавно дело и подлежи на одговорност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...