Блокадите во Собранието, поттикнувањето тензии меѓу граѓаните и насилства што водат кон целосна парализа на државата се погазување на Уставот и на правото во Македонија и загрозување на стабилноста, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ.
„Тоа се сериозни дела против државните интереси и секоја институција и поединец треба да знае дека повлекуваат сериозна одговорност. Ситуацијата дополнително ќе се влоши кога ќе престанат сите ингеренции на градоначалниците и на советите во општините, нови локални избори не може да се закажат без нов собраниски претседател и тоа ќе значи блокада на целиот државниот систем“, се вели во партиското соопштение.
Од СДСМ додаваат дека само новата влада може ја заштити унитарноста на Македонија, да обезбеди правда и квалитетен живот за сите, наспроти поделбите, изолацијата, економскиот крах и загрозувањето на мирот, кон што водат активностите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.