!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

СДСМ: Ако е за унитарност, ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи програмата на новата влада и СЈО


       
Скопје, 14 март, 2017 - 13:00 (META) 

Ги повикуваме Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, ако се за унитарна, суверена Македонија во која функционира правдата, јасно да ја поддржат програмата на новата влада на Македонија и работата на Специјалното јавно обвинителство, да ја прифатат новата реалност дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се подготвени за заштита на своите криминално стекнати богатства и обид за бегство од одговорноста, да ги вознемируваат граѓаните со лаги, да поттикнуваат насилство и омраза, да молат да бидат дел од владата“.

– Македонија не смее и нема да дозволиме да биде внесена во безбедносна криза само затоа што Груевски не може да прифати дека околу 700.000 граѓани, односно 67 пратеници дадоа поддршка за состав на новата влада на претседателот Зоран Заев. Неопходно е Иванов да не се води од криминалните интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, туку од интересите на граѓаните и на Република Македонија и веднаш да го даде мандатот за состав на новата реформска влада – се додава во соопштението на СДСМ.