fbpx

СБ: Македонија годинава со најголем пораст во регионот

-

Економијата во шест земји од Западен Балкан во 2015 година ќе бележи зголемување од 1,3 проценти од БДП, освен во Србија, која втора година по ред ќе има економски пад, објави Светската банка.

Од сите шест земји, Македонија, пак, според прогнозите на Светската банка, ќе има најголем пораст во регионот од 3,5 отсто, по што следи Црна Гора со 3,4 , а по 3 проценти ќе има во Албанија и во Косово. Економијата во Босна и Херцеговина, каде што поплавите од минатата година направија штета од околу 15 отсто од БДП, ќе се зголеми за 1 отсто, додека во Србија ќе се намали за 0,5 отсто.

Светската банка прогнозира дека порастот на овие економии ќе се должи на надворешната побарувачка.

Во некои од балканските земји, како што прогнозира Светската банка, можно е да има пад на поддршката од јавноста за реформи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...