fbpx

Савовски: Потребна е помош и поддршка за државите погодени од миграцискиот притисок

-

Само во првите шест месеци од оваа година, полицијата поднела 123 кривични пријави против 179 лица, осомничени за илегален трансорт на мигранти, истакнал, меѓу другото, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, Горанче Савовски, на состанокот на претставниците на земјите-членки на Салцбуршкиот форум – иницијатива за соработка во областа на внатрешните работи, што вчера се одржал во Софија, Бугарија, соопшти МВР.

Савовски, на состанокот ги презентирал мерките што ги презема Македонија за зголемениот прилив на илегални мигранти и посочил дека иако не станува збор „само за регионален, туку за глобален предизвик“, Македонија е подготвена за „учество во заедничките координирани активности за справување со овој проблем“.

Директорот на БЈБ, истовремено, ја истакнал и потребата од „помош и поддршка за државите кои се најмногу погодени со миграцискиот притисок, меѓу кои е и Македонија“.

„За обезбедување подобра подготвеност за справување со бранот мигранти, кој се очекува и во наредниот период, директорот Савовски го предочи акцискиот план на РМ за справување со илегалната миграција, како и активностите на работната група на ниво на министри, која врши контрола на состојбата со илегалните мигранти и ги дефинира неопходните мерки за ефикасно справување“, стои во соопштението на МВР, за учеството на Савовски на состанокот на Салцбуршкиот форум.

Како што инфромираат од МВР, учесниците на состанокот изразиле согласност дека константното зголемување на миграцискиот притисок и сериозноста на постојните предизвици ја наметнуваат потребата од дополнителни акции на оперативно ниво, како: размена на информации во реално време, зголемено учество во операциите организирани од ФРОНТЕКС, формирање заеднички истражни тимови за борба против илегалниот транспорт на мигранти“ и дека „солидарноста и споделувањето на товарот во борбата против илегалната миграција треба да биде основа за меѓусебната соработка“.

Бугарија на 1 јули годинава го презеде претседателството со Салцбуршкиот форум, а вчерашниот состанок е организран врз основа на заклучоците на вонредниот состанок на Салцбуршкиот министерски форум, кој се одржа на 20 минатиот месец во Брисел, за преземање итни заеднички акции за борба против илегалната миграција и илегалниот транспорт на мигранти.

Н состанокот, покрај претставниците на земјите-членки на Салцбуршкиот форум (Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешката Република, Унгарија, Полска, Романија, Словачката Република и Словенија), учествувале и претставници од Германија, Србија и од Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...