Савидис демантира вмешаност во протестите во Македонија и најавува тужби


       
Атина, 17 јули, 2018 - 9:57 (META) 

Преку соопштение, групацијата компании на бизнисменот Иван Савиди, ги демантира написите во медиумите, отфрла секаква вмешаност во протестите во Македонија и најавува тужби против медиумите и авторите на објавениот текст во кој што се споменува неговото име.

Соопштението од групацијата го објави грчката новинска агенција АНА-МПА, со коментар дека се однесува на текстот објавен во „Базфид“.

„Јасно ставаме до знаење дека бизнисменот Иван Савидис нема никаква врска или вмешаност со она што се споменува во апсолутно невистинитиот и крајно клеветнички текст. Затоа, веќе во следните часови и искористувајќи ги сите правни средства што ни се на располагање, ќе поднесеме тужба против медиумот, како и до авторите на оваа неоснована објава“, пишува во соопштението од групацијата компании во сопственост на Иван Савидис.