fbpx

Саудиска Арабија: Иран мора да го прифати заминувањето на Асад од власт

-

Саудска Арабија порача дека Иран мора да прифати оти заминувањето од власт на претседателот Башар ал-Асад е дел од решението за конфликтот во Сирија.

Овие забелешки денеска ги соопштил саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, во пресрет на министерскиот состанок во Виена за наоѓање решение за граѓанската војна во Сирија.

Џубеир за „Би-Би-Си“ вели дека „нема сомнежи дека Асад мора да си замине“.

„Тој ќе си замине или преку политички процес или ќе биде симнат од власт со сила“, изјави министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија.

Иран, кој првпат учествува на ваков тип разговори, заедно со Русија се во сојузништво и го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад.

На состанокот учествуваат САД, Русија, Турција, Саудска Арабија, Иран, а своето присуство го потврдиле и шефовите на дипломатиите на Велика Британија, Франција, Германија, Египет, Либан и на Европската унија.

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска изјави дека САД ги интензивираат дипломатските напори за ставање крај на „пеколот“ на граѓанската војна во Сирија и покрај засилената поддршка што им ја даваат на умерените бунтовници во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...