fbpx

Сашо Тасевски назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност

-

На денешната владина седница едногласно бил усвоен предлогот Сашо Тасевски да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност. Оваа информација ја сподели на својот официјален „Фејсбук“ профил заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски кој присуствува на владината седница бидејќи шефот на дипломатијата, Никола Димитров, е во официјална посета на САД.

Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност. Од 2001 година работел кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На почетокот на кариерата Тасевски бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Посетувал курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.

Тасевски во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Оливер Спаосовски, кој извади огнено оружје и пукаше во одбрана при упадот во Собранието на 27 април минатата година.

Тој доаѓа на местото на разрешениот Лазо Велковски кој беше разрешен бидејќи ја испратил неговата ќерка со службен џип на одмор во Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...