Сашо Сенков, обвинет за обид за убиство врз Зијадин Села, од денеска е слободен граѓанин


       
Скопје, 6 јуни, 2018 - 12:34 (META) 

Обвинителството го повлече обвинението за еден од обвинетите за нападот на пратеникот Зијадин Села, за време на нередите во Собранието од 27-ми април, минатата година. Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, одлуката е донесена по анализа на нова снимка и сите досега изведени докази.

Притоа утврдено е дека Сашо Сенков не го сторил делото кое му се става на товар.

За две други лица, Ц.Ѓ. и С.П., обвинението е преквалификувано, од обид за убиство во кривично дело „насилство“. За седум од вкупно 10 лица, останува обвинението за обид за убиство.

Врз основа на дополнителните сознанија, обвинителството презема и понатамошни дејствија за целосно расветлување на настанот во поглед на оштетениот Зијадин Села.