fbpx

Сандерс: На изборите ќе гласам за Клинтон

-

Кандидатот за номинацијата на демократската партија за претседател на САД, Берни Сандерс, изјави дека на изборите во ноември ќе гласа за својата ривалка Хилари Клинтон.

Сандерс утринава, гостувајќи на американската телевизија „Ем-ес-ен-би-си“, на прашање дали во ноември ќе гласа за Клинтон, одговори потврдно.

Сенаторот од Вермонт, кој сè уште официјално не се откажа од трката за номинација, истакна дека неговата главна цел е да спречи Доналд Трамп да стане претседател на САД.

Сандерс, меѓутоа, исто така ја отфрли идејата дека би требало да се повлече од трката за номинација на Демократската партија, иако Клинтон веќе освои дополнителен број делегати за официјална номинација.

Тој истакна дека тоа што не се откажа од трката и официјално не ја поддржа номинацијата на својата ривалка, не предизвикува разединетост во Демократската партија.

– Вие велите дека тоа е разединетост. Јас велам дека станува збор за вклучување на Американците во политички процес – истакна Сандерс.

Изборите во САД ќе се одржат на 8 ноември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...