!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Само на референдум може да се одлучува за името, му порача ВМРО-ДПМНЕ на Џафери


       
Скопје, 16 декември, 2017 - 15:45 (META) 

Одлуката околу решението на проблемот што Република Грција го има со нашето име не е и не може да биде ексклузивна сопственост само на одредени политичари, па ниту на владејачкото мнозинство во Собранието, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на претседателот Талат Џафери за „Алсат-М“ако има волја кај парламентарното мнозинство, Собранието има легитимитет во името на граѓаните да одлучува и за спорот за името.

„ВМРО ДПМНЕ ги осудува изјавите на господинот Талат Џафери и ќе се спротивстави на намерите мнозинството пратеници сами да изгласаат каква било промена на името без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и притоа мнозинството од нив да бидат согласни за понуденото решение. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија“, стои во соопштението.

Од партијата велат дека нема да прифатат идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и на македонскиот јазик и култура.

„ВМРО-ДПМНЕ, останува силно посветена на процесот на интеграција во семејството во кое припаѓа политички, културно и економски. Членството во ЕУ и НАТО ќе значи додадена вредност како за нашата, така и за регионалната стабилност, политичко заедништво и економски развој“, се вели во соопштението.