fbpx

Самарас во Солун: Антимос е проповедник за хеленизмот на нашата Македонија

-

Само 72 часа пред крајот на изборната кампања, премиерот на Грција, Андонис Самарас, денеска е во Солун во последен обид да ги шармира и придобие гласачите од Северна Грција. За време на посетата на втората грчка престолнина, Самарас одвои време да се види со митрополитот Антимос, познат по неделните проповеди и пропаганди со националистичка реторика против Македонија.

– Секоја средба со Вас е голема чест и задоволство бидејќи сте митрополит полн страст, митрополит кој е проповедник за нашето христијанство, проповедник за правата на хеленизмот и на нашата Македонија – изјави Самарас по средбата со Антимос.

Ова беше и единственото, но не неважно споменување на Македонија. Ниту Самарас ниту Антимос во изјавите за новинарите не се осврнаа повеќе на проблемот за името, иако солунскиот митрополит го споменува спорот на речиси секоја неделна литургија.

Солун е вообичаено претпоследната голема станица за политичките лидери и место каде се фаќаат поени околу спорот за името.

Неизвесноста за тоа како ќе изгледаат резултатите, сè уште останува иако има само уште три дена до изборите. СИРИЗА убедливо води, но сè уште е под знак прашалник дали конечниот процент на поддршка ќе биде повисок или во рамки на она што се гледа во анкетите, односно предност од 3-4 отсто и дали партијата, доколку не успее да собере апсолутно мнозинство за да формира влада, ќе најде соработници и поддршка меѓу останатите партии кои се во трка за влез во новиот состав на грчкиот Парламент.

Според анкетите на грчките медиуми, сè уште има голем процент на неопределени гласачи. Бројките на анкета за телевизијата „Стар“ покажуваат дека во втората изборна единица во Атина дури 20 отсто од гласачите се неопределени.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...