fbpx

Самарас 22 пати распали за идентитетот и за јазикот на Македонија

-

Андонис Самарас заигра на картата за спорот за името на предизборниот митинг во Солун. Грчкиот премиер во заминување, кој останува запаметен како човекот кој ја растури владата на Константинос Мицотакис во 90-тите години на минатиот век, поради тврдите ставови за спорот за името, во говорот во Солун испрати порака дека нема да дозволи да се преговара за историјата и за идентитетот на Македонија.

Ова е првпат грчкиот премиер да говори и за идентитет и за јазик, кои се обично македонски аргументи во обраќањето кон Грција.

– Само да ги потсетам дека одлуката на нашиот народ е: не преговараме со нашата историја, ниту со нашиот идентитет, ниту со нашиот јазик – истакна Самарас.

Тој заигра на емотивната карта на солунчани за спорот за името, поврзувајќи се лично со историјата на Солун и на Македонија.

– Знаете дека ја имам Македонија во мојата душа. Македонија е вечниот бастион на Грција. Тука, од земјата на Вергина, од земјата на Амфиполис, зборува минатото на Македонија, зборува гласот на историјата, кој е и глас на нашата совест. Македонија е минатото, денешнината и иднината на Грција – истакна емотивно Самарас.

Самарас направи обид, во веќе познат стил, да ја нападне СИРИЗА за наводно предавнички, поотворени позиции кон Македонија и за слободното користење на уставното име и за споменувањето на македонскиот јазик.

Покрај најавата за бројни економски и инфраструктурни инвестиции, Самарас истакна дека планира да се фокусира и на развој и на туристичко искористување на археолошкиот локалитет Амфиполис.

Со тактиката да се игра на емотивна, патриотска карта, Самарас дури 22 пати го употреби терминот Македонија во обраќањето до Солун и до солунчани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...