fbpx

Саманта Пауер го повика Трамп да не гo намалува финансирањето во ОН

-

Американската амбасадорка во заминување при Обединетите нации, Саманта Пауер, ја повика администрацијата на Доналд Трамп да не го намали финансирањето во Обединети нации.

Таа рече дека тоа ќе биде штетно за САД и ќе биде во корист на земји како Кина и Русија.

– Ние делумно го водиме светот затоа што сме водечка земја при Обединетите нации – рече амбасадорката на својата последна прес-конференција пред нејзиното заминување од функцијата на 20 јануари, кога должноста ја презема администрацијата на Трамп.

Поддржувачите на Израел во американскиот Конгрес предложија низа закони за намалување на финансирањето во ОН во знак на протест што претседателот во заминување, Барак Обама, дозволи усвојување на резолуција во Советот за безбедност на штета на Израел.

САД финансираат 22 отсто од регуларниот буџет на ОН, како и 25 отсто од буџетот за мировните мисии на ОН, во кои има околу 100.000 војници од разни земји членки на светската организација.

Пауер рече дека намалувањето на финансиите би ги загрозило самите Обединети нации на кои им е неопходна финансиска поддршка за решавање конфликти и за хуманитарните операции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...