fbpx

Сакаме работа и плата според образованието

-

Повеќе од 70 фирми од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и воопшто од преспанско-пелагонскиот регион, денеска се претставија на Саемот за вработување во Битола.

Холот на театарот беше претесен да ги собере сите што си ја бараа среќата за ново работно место. А ги имаше и оние, кои во поодминати години бараа работа на четири часа, само за да можат да заработат денар плус и да го дополнат семејниот буџет, бидејќи нивната основна работа со минимална плата не им е доволна за да го поминат месецот.

– Прашувам по фирмите дали им треба човек на моја возраст од 53 години за работа попладне или навечер, барем уште четири часа на ден да можам да заработам уште некој денар, зошто со мојата плата од 9.000 денари не ни стасува ни за леб. Имам двајца студенти и тешко врзуваме крај со крај – вели Ѓорги Ѓуровски од Битола.

Помладите и образовани граѓани знаат што би сакале да работат, иако велат дека без поддршка од семејствата не би биле комотни да пребираат.

Даниела Јанкуловска од Ресен, магистрант на Факултетот за царина и шпедиција, вели дека доколку би избирала, би сакала да работи во стабилна фирма, со одредно работно време и со солидна плата според нејзиното образование.

– Не се срамам да работам и нешто што не ми е по струка. Кога родителите се без работа или со ниска плата, тоа е тоа. Би работела продавачка или менаџер на продажба, маркетинг, но тоа не е работата што јас ја посакувам. Сепак, сум завршила факултет, сум вложила време, труд, пари, енергија и би сакала да си најдам работа какава што мислам дека заслужувам – вели Јанкуловска.

Дијана Мишковска од Прилеп, исто така, магистрант на Технички факултет Битола , ги остави своите податоци на неколку штандови, барајќи работа според своето образование.

– Сакам да работам според образованието и, секако, сакам подобро платена работа, фирмата да биде флексибилна кога се работи за работното време, бидејќи сум образована – рече Мишковска.

Наспроти желбите и барањата на невработените, и фирмите имаат свои потреби и проблеми со кои се соочуваат при изборот на работници. Марина Милошевска, која на саемот застапуваше пет фирми со различни дејности, каде вкупно се вработени 400 лица, вели дека и покрај големата невработеност, тешко е да се најдат кадри со економски факултет, сметководство и информатичари.
– Во државата и конкретно овде, во Битола, имаме проблем со наоѓање информатичари. Тој кадар е дефицитарен, бараме програмери и тоа тешко ни оди. Нашите фирми дури стипендираат студенти на Техничкиот факултет. Студентите доаѓаат кај нас на практична настава, а потоа имаат шанса и да останат и да се вработат кај нас. Но, сите прво прашуваат колкава е платата и колку трае работното време – вели Милошевска, претставник на „Стентон градба“.
Дел од фирмите, пак ,бараа само среднообразован кадар и особено занаетчии.
– Се занимаваме со мермер, гранит, фасади и затоа ни требаат занетчии. Бараме мајстори со ниско образование, кои знааат да го обработуваат каменот и да монтираат плочки. Засега немаме проблем, но се бара човек кој има капецитет да го прави тоа – вели Радојка Димитриевска од „Леон компани“, Битола.
Директорот на Агенцијата за вработување на Македонија, Влатко Поповски, на свеченото отворање рече дека има големи очекувања од шестиот Саем за вработување во Битола и дека токму Битола ќе понуди успешни приказни за многумина.
– На овие саеми, не се само луѓето што бараат работа, тука се и оние што треба да изберат образование. Младите кои треба да се одлучат каде да се запишат, на кој факултет. Затоа сакаме да им покажеме кои се тие работни места што можат да ги изберат и кои вештини треба да ги поседуваат, за да бидат вработени, а не невработени во иднина – рече Поповски.
Според Поповски, досега 160 граѓани токму на овие саеми нашле работно место, а уште 860 чекаат да бидат повикани на работа со веќе завршени интервјуа.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...