fbpx

„Сахара“ не се откажува од проектите во Македонија

-

Иако „Сахара“ има јасен приоритет дека проектите во Македонија нема да бидат запрени, се случија работи поради кои беа одложени како резултат на административни бариери или компликации што се појавија поради ситуацијата на терен, информираат од „Елемент ПР“, агенцијата за комуникации со „Сахара“.

Според соопштението, подготовките за споменикот на Мајка Тереза, како и Домот „Мајка Тереза“ во Општина Илинден, се веќе комплетирани, а целосното реновирање на хотел „Славија“ во Охрид, најавуваат дека ќе почне по новогодишните празници.

„Што се однесува на земјоделскиот и проектот за млекарницата, работиме за да дојдеме до прифатливо решение за некои конкретни прашања од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и убедени сме дека ќе бидат решени. А во врска со одлуката за банкарската гаранција, наше мислење е дека ќе има негативно влијание врз овој мегапроект, кој е во рана фаза на спроведување. Можеме да разбереме зошто македонската влада се одлучи на овој чекор и подготвени сме за последиците. Ќе ја следиме секоја одлука од Владата и ќе останеме посветени на исполнување на нашите обврски. Ова не е само еден проект на „Сахара Индија“ во земјата. Македонија е главниот фокус за нашите бизниси во странство и затоа сме среќни што сме партнер со земја што се наоѓа во забрзан развој“, стои во соопштението.

Оттаму информираат дека „Сахара“ има свои канцеларии во Скопје, Охрид и во Штип, локален тим од 30 луѓе, како и тим од експерти од Индија кои се на постојан престој во Македонија, за спроведување и за операционализација на проектите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Испробајте го демото на Assassin’s Creed Mirage на Epic Games до 30 април

Промоцијата на Epic Games за демото, односно trial (пробната), верзија на Mirage, најновиот наслов во Assassin’s Creed (AC) серијалот, може да се испроба до 30ти април бесплатно. Дејството на...