fbpx

Саемот на книга го посетиле 44.300 посетители

-

Саемот на книга 2018 завршува денеска, а манифестацијата до вчера ја посетиле 44.300 посетители, информираа организаторите. На 30. јубилејно издание се претставиле 70-на издавачки куќи од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија.

„Соработката со Министерството за култура, како покровител на манифестацијата, Владата, Град Скопје заедно со ЈСП, со воведувањето на двете вонредни линии специјално за најголемата културна манифестација, придонесоа, покрај промената на локацијата, овој Саем уште повеќе да го зацврсне неговото постоење. Ова е голем напредок кој резултираше со инзвонредна бројка од 44.300 посетители, а Саемот уште не е завршен“, изјави проект-менаџерот на Саемот на книгата, Сања Кондарко.

Во рамките на програмата на Промотивниот центар, се доделија наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), а се доделија и наградите од страна на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...