fbpx

САД забранија „Манигрем“ да се продаде на „Алибаба“

-

Регулаторите во САД го забранија продавањето на гигантската фирма за трансфер на пари „Манигрем“ (Moneygram) на кинеската „Ент Фајненшел“, компанија за дигитални плаќања на корпорацијата „Алибаба“. Продажбата беше најавена пред една година, а сумата што беше понудена изнесуваше 1,2 милијарди долари.

Тоа е најголемата кинеска зделка досега, блокирана од администрацијата на Доналд Трамп.

Комисијата за странски инвестиции вели дека геополитичките прилики се „значително сменети“ откако зделката беше најавена минатата година.

Блокирањето е сериозен удар за амбициите на извршниот претседател на „Алибаба“, Џек Ма, кој му вети на претседателот Трамп дека ќе отвори милион работни места во САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...