fbpx

САД: Снимката на Ал Каеда за нападот на „Шарли ебдо“ е автентична

-

САД сметаат дека е автентична видеоснимката на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, на која организацијата ја презема одговорноста за нападот на францускиот магазин „Шарли ебдо“, соопшти американскиот Стејт департмент.

Портпаролката на Стејт департментот, Мари Харф, изјави дека американските претставници веруваат дека видеоснимката е автентична, но дека се утврдуваат специфичните аспекти на тврдењата на групата кои се изнесуваат во снимката.

– Веруваме дека снимката е дело на медиумското крило на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров. Го анализираме секој дел од снимката: дали постојат идеолошки насочувања? Или пари? Дали има обучување? Тоа се специфични тврдења кои ги преиспитуваме така што не ја потврдуваме автентичноста на секој дел од снимката – рече Харф.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...