fbpx

САД се подготвени за напад ако Северна Кореја изврши нова нуклеарна проба, јавува „Ен-би-си“

-

Северна Кореја претставува проблем, кој ќе биде решен, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

По ваквата изјава на Трамп, телевизијата „Ен-би-си“, повикувајќи се на разузнавачки извори, јави дека САД се подготвени да извршат превентивен напад со конвенционално оружје врз Северна Кореја доколку Пјонгјанг изврши уште една нуклеарна проба.

Според истите извори, два американски разузнавачки воени брода се наоѓаат на 480 километри од брегот на Северна Кореја и оти се подготвени доколку добијат наредба да испукаат крстосувачки ракети „томахавк“ на територијата на таа земја.

Северна Кореја веќе предупреди за „големиот настан“, а властите на САД велат дека се укажува на тоа дека се работи за нуклеарна проба, која би можела да се случи овој викенд во пресрет на 105. роденден на основачот на Северна Кореја, Ким Ил-сунг.

Официјален Пјонгјанг во средата се закани дека прва ќе ги нападне САД со нуклеарно оружје, доколку има знаци дека Вашингтон подготвува напад.

Во меѓувреме, Русија ги повика денеска сите страни да пројават воздржаност во врска со тензиите околу Северна Кореја.

– Во Москва ги следиме со огромна загриженост тензиите на Корејскиот Полуостров и ги повикуваме сите страни да не преземаат какви било провокациски акции. Русија продолжува да биде приврзаник на политичко-дипломатските методи за решавање на сите кризи, меѓу кои и на севернокорејската – изјави претседателскиот портпарол, Дмитриј Песков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...