fbpx

САД од остатоците на ИД формира „Нова сириска војска“, обвинува Москва

-

САД од преостанатите терористи на Исламска држава формира „Нова сириска војска“ во провинцијата Хасека, тврди рускиот Центар за примирје, кој е дел од Министерство за одбрана на Русија.

Центарот наведува дека припадници на меѓународната антитерористичка коалиција, предводена од САД, врбуваат бегалци кои се вратиле во своите домови да формираат единици за борба против владините сили во јужна Сирија. Од центарот истакнуваат дека обуките на единиците се вршат во бегалски камп, кој се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Џизр ел Шададија.

„Тоа докажува дека Американците продолжуваат да кокетираат со терористите и покрај изјавите кои пристигнуваат од Вашингтон дека САД се насочени кон тотално уништување на ИД на Блиски Исток“, се наведува во соопштението на Центарот и се додава дека 400 од 750 борци кои се обучуваат се поранешни припадници на ИД кои побегнале од Рака.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...