fbpx

САД и Јужна Кореја ги одлагаат заедничките воени вежби

-

Соединетите Американски Држави се согласија да ги одложат заедничките воени вежби со Јужна Кореја до завршувањето на Зимските олимписки игри (ЗОИ), соопшти денеска Пентагон, јавуваат светските агенции.

Портпаролот на Пентагон, Роб Мениниг изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп се консултирал со својот јужнокорејски колега Мун Џае-ин и се согласил воените вежби да бидат одложени.

„Министеството за одбрана ја поддржува одлуката на претседателот и она што е во најдобар интерес на алијансата меѓу САД и Јужна Кореја“, навел Менинг во денешното соопштение.

САД и Јужна Кореја ги спроведуваат годишните воени вежби во периодот помеѓу февруари и април.

Зимските олимските игри почнуваат на 9 февруари во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...