fbpx

САД: Дамаск не дозволува достава на хуманитарна помош

-

Американските власти го обвинија официјален Дамаск дека го спречува доставувањето хуманитарна помош до загрозените и до тешко пристапните места во Сирија, како што се предвидува со резолуцијата на ОН.

– Жителите на загрозените и тешко пристапни реони минатиот месец добија помалку храна отколку во февруари. Ги повикавме сите што имаат влијание врз сириската влада да реагираат, бидејќи се покажа оти таа реагира под силен притисок – соопшти претставничка на САД во Обединетите нации, Саманта Пауер, алудирајќи на Русија, која е блиска со сирискиот режим.

Според Пауер, градот Дараја, кој се наоѓа во близина на Дамаск, четири години нема добиено испораки на храна.

Таа истакна дека е „ужасно една земја членка на ОН, каква што е Сирија, да ги блокира хуманитарните достави, а луѓето поради недостиг од храна да јадат трева“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...