fbpx

САД бараат идентификување на одговорните за нападите со хлор

-

САД предложија до Советот за безбедност на ОН формирање експертски тим кој би утврдил кој е одговорен за нападот со хлор во Сирија, за кој Западот ги обвини силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Расправата на 15 земји-членки за предлог-резолуцијата би требало да почне в понеделник, велат неименувани дипломати.

Според нацрт-резолуцијата, која синоќа ја предложи Вашингтон, тимот би го сочинувале експерти на ОН и на организации за забрана на хемиско оружје, а цел е да се идентификуваат „поединци, ентитети, групи и влади“, кои организирале, учествувале или извршиле напади.

Мисијата на експертите би траела најмалку една година, а својот прв извештај би требало да го направат 90 дена по почетокот на истрагата.

Сириската влада и другите земји-членки на ОН би требало да соработуваат со експертите, да им ги достават сите релевантни информации и да се овозможи пристап до подрачјата во кои се извршени нападите со хлор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...